Роналдо ќе извиси, двајца изразити фаворити за „Златната топка“

Златна топка

Кога веќе заврши клупската сезона, сега дојде време кога сите ќе шпкулираат за потенцијалниот освојувач на „Златната топка“.

Години наназад Лионел Меси и Кристијано Роналдо се меѓу главните фаворити, а сега се појави трето име кое конкурира за престижна награда. 

Ако тоа минатата година беше победникот Лука Модриќ, сега на неговото место се очекува да биде Виргил Ван Дијк. Дефанзивецот одигра фантастична сезона во дресот на Ливерпул, ја освои титулата во Лигата на шампионите и сериозно се заканува да водечкото дуо во светскиот фудбал.

Прв фаворит според обложувалниците е Меси, зад него е Ван Дијк, а Роналдо со коефициент 15 се чини ќе извиси и нема да биде во можност да подигне нова „Златна топка“, иако со Португалија ја освои Лигата на нации.

Кој ја заслужува, останува да се шпекулира до декември кога наградата ќе добие нов сопственик...