• Мартин Танасковски

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо имаше интересни одговори во подкастот „Ла Секста“ каде говореше за себе, за својата кариера, а даде и интересен заклучок - дека е најдобар фудбалер во светот и дека нема друг по него.
Роналдо во моментов е член на Ал-Наср од Саудиска Арабија, а вели дека во земјата се чувствува добро.
„Тука сум две години и уживам. Ми се допаѓа животот овде, се чувствувам добро. Јас сум човек кој сака предизвици, различни и нови работи, не бегам од големи предизвици. Знаев малку за лигата кога дојдов и избрав сосема поинаква лига од другите. Не ми беше тешко да дојдам, важно ми беше само да бидам со семејството и децата и дека сите бевме среќни“, изјави Роналдо.
Најдобриот стрелец во историјата на португалската репрезентација истакна дека саудиското првенство е подобро од американската МЛС каде за Интер Мајами настапува неговиот долгогодишен ривал Лионел Меси.
„Очигледно, МЛС е полоша лига. Кога донесов одлука да дојдам во Саудиска Арабија, не верував дека лигата ќе порасне толку многу и дека се ќе се промени. Знаев дека ќе бидам најдобар таму во првата година. Сето тоа се случи толку брзо. Луѓето не знаат за што зборуваат затоа што само зборуваат многу и даваат мислења за нешто за што ништо не знаат. Затоа сум тажен затоа што луѓето имаат искривена перцепција кога зборуваат за Саудиска Арабија или Соединетите Американски Држави“, јасен е Португалецот.
Во домот на Роналдо често се зборува за Килијан Мбапе заради неговиот син Матео.
„Мојот син Матео многу го сака Мбапе. Често ми вели дека Мбапе е подобар од мене, но јас секогаш му велам дека тато е подобар од Мбапе затоа што има многу повеќе голови. Мадрид мора да се грижи за него бидејќи тој е многу добар играч, верувам дека ќе им донесе многу среќа и радост на навивачите на Реал Мадрид, многу го сакам, не само поради се што направи туку и затоа што го гледаме како голема ѕвезда тој ќе донесе многу радост на мојот поранешен тим“, истакна играчот.
Кристијано е блиску до 1.000 постигнати голови. Тој не е загрижен за таа бројка бидејќи верува дека е најдобар во историјата на фудбалот, веројатно размислувајќи за постигнување голови.
„Луѓето се загрижени и цело време зборуваат за 1.000 постигнати голови. Постигнувам многу добри и убави голови, кои луѓето изгледа не ги почитуваат, па морам да стигнам до 1.000 според нивното мислење, што не ми се допаѓа. Се оди природно , дали е 919, 920 гола... Тоа нема да смени ништо, јас сум најдобар во историјата и точка“, заклучи легендата.
Кристијано Роналдо во Ал-Наср пристигна од Манчестер Јунајтед, а претходно со големи успеси ги носеше дресовите на Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Јувентус и Спортинг од Лисабон.