Роналдо ја откри разликата со Меси: Јас освоив титула во ЛШ со различни клубови

Роналдо Меси

Кога ќе се спомне името на Кристијано Роналдо, неизбежно е во разговорот да биде вмешан и Лионел Меси. Се работи за двајца фудбалери кои ги одбележаа последните две декади во светскиот фудбал.

Споредбите меѓу нив никогаш нема да престанат, а Португалецот откри што го прави поразличен од членот на Барселона.

„Разликата меѓу мене и Меси е тоа што јас ја освоив Лигата на шампионите со различни екипи. Исто така бев најдобар стрелец шест години во низа.

Меси е одличен фудбалер кој нема да остане запаметен само по освоените „Златни топки“. Секогаш е на врвот, од година во година, исто како и јас“, вели фудбалерот на Јувентус.

34-годишникот од Мадеира оствари успеси со Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, а сега се обидува истото да го направи со „старата дама“. Никој не може да не се восхитува на неговите титули во три различни земји, проследени со фантастични индивидуални статистики и награди.