ФОТО: Роналдо ја „нокаутира“, па ѝ го подари својот дрес на редарката

Роналдо

Загревањето пред мечот меѓу Јанг Бојс и Манчестер Јунајтед донесе мал инцидент кој го вклучи Кристијано Роналдо и една редарка на теренот.

Португалецот со топката ја удри девојката, која падна и кратко беше во бесознание. Гостинскиот фудбалер веднаш истрча за да види дали ситуација е во ред.

>>> ФОТО: Роналдо „нокаутира“ девојка за време на загревањето во Берн

По излегувањето од теренот во вториот дел, Роналдо се погрижи да ја утеши девојката, подарувајќи ѝ го неговиот дрес.

Домашниот тим на крај успеа да слави голема победа и тоа во надополнувањето од мечот, по катастрофалната грешка на Џеси Лингард.