Роналдо ја исполни зацртаната цел: Го спаси, па го продаде матичниот клуб

Легендарниот бразилски фудбалер Роналдо ја потврди продажбата на Крузеиро. Поранешниот напаѓач го презеде тимот пред две години, а вели дека откако ја исполни својата мисија - може да го продаде. 

Нов сопственик на клубот ќе биде Педро Лоуренсо, милионер кој го држи еден од најпознатите супермаркети во Бразил. Иако не се потврдени официјално, бројките велат дека Роналдо ги продаде своите 90% од акциите на клубот за 110 милиони евра, со што има одредена заработка во однос на сумата за која го купи. 

Инау, Роналдо во декември 2021 година го презеде сопствеништвото на својот матичен клуб. Во тие моменти Крузеиро се бореше со финансиска и криза во менаџментот. Оттогаш Крузеиро се врати во бразилската елита, долговите се преполовени и славниот бразилски клуб застана на стабилни нозе.