Роналдо ја чекал наградата во автомобил, а потоа исчезнал и „побегнал“ во Торино

Роналдо Милано

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо ја освои наградата „најдобар фудбалер“ во Серија А за изминатата сезона.

Церемонијата се одржуваше во исто време кога Лионел Меси беше крунисан од страна на „Франс Фудбал“ со шеста „Златна топка“. Поради недостатокот на желба да одговара прашања на новинарите, ѕвездата на Јувентус чекал во автомобилот додека не биде повикан да ја подигне наградата.

Кога влегувал во салата, многубројното обезбедување им застанало на патот на камерите и новинарите, кои немале можност да стигнат до португалскиот фудбалер.

Откако ја примил наградата, Роналдо веднаш си заминал и се вратил во Торино. Ова е гест за кој зборува цела Италија, каде се пишува дека фудбалерот на „старата дама“ покажал недостаток на почит кон организаторите во Милано.