• Саше Љолес
Репрезентацијата на Португалија оствари убедлива победа во пријателскиот натпревар против селекцијата на Република Ирска со конечен резултат 3-0 (1-0) и се наостри за Европското првенство. Последниот тест за момците на Мартинез мина во знакот на капитенот Кристијано Роналдо и уште еден негов супер-гол.
Публиката на „Естадио Муниципал“ беше сведок на ново шоу од првата ѕвезда на тимот, Кристијано Роналдо, кој постигна два гола, а особено убав беше вториот. 39-годишниот Роналдо покажа дека е во одлична форма пред почетокот на Европското првенство и најави силна Португалија која ќе биде претежок ривал за сите селекции.
Головите на Роналдо пристигнаа во 50. и 60. минута, а прв мрежата ја начна Жоао Феликс, чиј гол беше актуелен на паузата меѓу двете полувремиња, 1-0. Во вториот дел на сцена одново стапи ѕвездата на Ал-Наср и само ја запечати победата, а публиката еруптираше и гласно го поздрави својот капитен.
- Прекрасниот гол на Кристијано Роналдо против Ирска:
На останатите натпревари, Северна Ирска лесно ја совлада Андора со 2-0, Грција со истиот резултат извојува триумф над Малта, Украина ја здроби Молдавија со убедливи 0-4, а Кипар го мина Сан Марино со рутински 1-4.