Роналдо испиша историја, стана прв стрелец против 40 различни земји

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо имаше ноќ за паметење и на дуелот против Литванија даде четири гола (1-5), а со тоа влезе и во историјата на европскиот фудбал.

34-годишниот фудбалер стана првиот играч кој успеал да им даде гол на 40 различни земји во дресот на репрезентацијата. 

Покрај против Литванија, тој во кариерата има стрелано против Србија, БиХ, Нов Зеланд, Шпанија, Белгија, Русија, Казахстан, Велс, Летонија, Кипар, Азербејџан, Данска, Грција, Шведска, Аргентина, Полска, Чешка, Панама, Иран, Финска, Хрватска, Гана, Мароко, Еквадор, Исланд, Саудиска Арабија, Андора, Луксембург, Египет, Унгарија, Северна Ирска, Холандија, Естонија, Швајцарија, Камерун, Фарски Острови, Ерменија, Словачка и Северна Кореа.

Кристијано Роналдо досега има постигнато 92 гола во дресот на Португалија.

Европско првенство, Квалификации, Група B
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 УкраинаУкраина 5 4 1 0 11:1 10 13
2 ПортугалијаПортугалија 4 2 2 0 10:4 6 8
3 СрбијаСрбија 1 5 2 1 2 10:12 -2 7
4 ЛуксембургЛуксембург 1 5 1 1 3 5:8 -3 4
5 ЛитванијаЛитванија 5 0 1 4 4:15 -11 1