ФОТО: Роналдо имаше неочекувана средба со фан на мечот против Сасуоло

Кристијано Роналдо имаше неочекувана средба со навивач на вчерашниот дуел против Сасуоло, која предизвика внимание кај фудбалската јавност.

Навивачот влета на теренот и пред Португалецот го изведе познатиот начин на кој Роналдо ги прославува своите погодоци. На тоа играчот на Јувантус само пријателски се поздрави,  а потоа навивачот беше отстранет од обезбедувањето на стадионот.

Кристијано Роналдо повторно одигра одличен натпреваро, го постигна вториот погодок на својот тим и беше една од клучните фигури за новата победа на Јуве.