Роналдо има три опции ако се реши да си оди од Манчестер Јунајтед

Кристијано Роналдо сè повеќе се поврзува со заминување од Манчестер Јунајтед. Ерик Тен Хаг засега не открил дали ќе смета на Португалецот во својот мандат на „Олд Трафорд“, па поради тоа шпекулациите не запираат. 

Одамна се зборува за сериозниот интерес од страна на Рома предводена од Жозе Мурињо. „Волчицата“ сонува за Роналдо и по освојувањето на Конференциската лига на УЕФА, клубот сака да ги израдува фановите со ваков потпис. 

Иако не е јасно дали Роналдо ќе се реши да замине од Јунајтед, постојат три клуба заинтересирани за потписот. Покрај Рома, секогаш присутен е Спортинг Лисабон, клубот во кој Роналдо ја започна својата кариера. По дваесет години, Португалците сонуваат за кам-бек на големата ѕвезда. Исто така, се споменува Баерн Минхен, иако тоа не е многу реала опција. Баварците мора да го продадат Левандовски, а дури потоа да почнат да размислуваат и преговараат за Португалецот. 

Сепак, постојат изгледни шанси Кристијано да остане во Манчестер Јунајтед и да го доработи договорот, па дури потоа да замине од клубот. Во моментов ѕвездата е на одмор на Балеарските острови, по што ќе се врати и ќе одговори на повикот на Тен Хаг.