Роналдо и редарката се „пцуеле“ на првата средба на мечот Јанг Бојс и Реал Мадрид

Мариса

Кристијано Роналдо испрати „бомба“ на загревањето пред мечот со Јанг Бојс, која за жал заврши во главата на една редарка. Таа веднаш падна на земја и доби помош од докторскиот тим. Таму стигна и португалскиот фудбалер, кој сакаше да се увери дека не се случил поголем инцидент.

По мечот тој ѝ го подари својот дрес на девојката, која раскажа дека нивната прва средба пред неколку години не била така мирна.

„Кога играше за Реал Мадрид, имавме расправија која заврши со пцуење. Не знаев дека е толку популарен фудбалер во тој момент.

На тој меч му реков дека средбата е завршена и дека луѓето не заминуваат бидејќи тој сè уште трча на теренот. Тој продолжи, а јас бев уморна. Ми рече да одам да разговарам со тренерот. Се вратив и му реков: Ќе застанеш или не? Ова е Швајцарија! Тогаш испрати пцовка кон мене, а јас му вратив“ , изјави Мариса.

По случката изминатата недела, редарката стана голем фан на Роналдо, најмногу поради неговата загриженост за нејзиното здравје.