Роналдо и Мане изоставени, познати кандидатите за „играч на годината“ во ПЛ

Премиер лига

На две кола до крајот на сезоната, Премиер лигата објави листа на кандидати за наградата „играч на годината“.

Најголемо изненадување е отсуството на Кристијано Роналдо од Манчестер Јунајтед. Двајца играчи доаѓаат од Ливерпул, а идентичен број претставници има и Манчестер Сити.

  • Мохамед Салах
  • Трент Александер Арнолд
  • Кевин Де Брујне
  • Жоао Кансело
  • Букајо Сака
  • Џејмс Ворд-Праус
  • Џерод Боувен

Во конкуренција не се уште и Диого Жота, Садио Мане, Хари Кејн...