Роналдо го стави трофејот во втор план и тргна да го убедува Де Лихт

Роналдо де Лихт

Репрезентацијата на Португалија победи на првото издание на Лигата на нации и прва обезбеди пласман на Европското првенство 2020 година.

Во финалето, португалскиот тим ја совлада Холандија со минимален резултат, а стрелец на победничкиот погодок беше Гонзало Гуедеш.

Кристијано Роналдо го подигна трофејот, но наместо да се радува со своите соиграчи, тргна да разговара со Матијс де Лихт. Холандскиот дефанзивец откри дел од разговорот со капитенот на противникот.

„Ме праша дали сакам да одам во Јувентус и ме убедуваше дека тоа би бил правилниот избор за мене. Прво не го разбрав, а потоа останав во шок, бидејќи не очекував да го размислува тоа по еден натпревар.

Ништо не му одговорив, ништо не е решено, јас заминувам на одмор, а за конечна одлука има време“, раскажа капитенот на Ајакс.

Барселона и Манчестер Јунајтед остануваат најголеми фаворити за потписот на 19-годишникот.