Роналдо го гледаше англискиот „волшебник“, кажа само два збора и сè стана јасно

Бразилската фудбалска легенда Луид Назарио да Лима Роналдо често ги следи натпреварите на Реал Мадрид, а тоа беше случај и во средата. Реал Мадрид се соочи со Наполи во петтото коло од Лигата на шампионите и победи со 4-2, иако италијанскиот тим поведе уште во деветтата минута.

Одново во дресот на „кралевите“ блесна младата англиска ѕвезда Џуд Белингем, кој беше автор на еден гол и една асистенција. Тоа што го прави откако пристигна ова лето од Борусија Дортмунд е веќе нереално. „Новиот Зидан“ на 16 натпревари постигна дури 15 гола и има четири асистенции. Сите се одушевени од него, па и славниот Роналдо.

Роналдо Назарио беше на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ и како и сите други беше одушевен од настапот на младиот Англичанец. Поранешниот бразилски напаѓач им коментираше на луѓето околу него дека англискиот играч за врска е нешто „фантастично“ и „специјално“, комплимент кој има големо значење, особено кажан од фудбалска легенда која има две злата од Светските шампионати.

Со ова станува јасно дека Џуд Белингем веќе е благословен од еден од најдобрите играчи во историјата на светскиот фудбал, а многумина се прашуваат каде ќе заврши младиот играч за врска.

Гледајќи ја и статистиката и она што го прави додека е на теренот, Белингем со право се смета за прв фаворит за освојување на „Златната топка“, иако тука се уште и Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд.

Состави

Карло Анчелоти

4-4-2

    Walter Mazzarri

    4-3-3