„Роналдо е светска класа, но Лукаку е покомплетен играч од него“

Поранешниот напаѓач на Италија, Лука Тони зборуваше за Ромелу Лукаку и Кристијано Роналдо. Тој направи споредба на двајцата напаѓачи, на Интер и Јувентус и имаше многу пофалби за Белгиецот. 

„Лукаку е човек на одлука во својот тим, дури и кога не дава голови, но Роналдо е светска класа. Сепак, во овој момент Лукаку е покомплетен напаѓач отколку Роналдо, особено ако се гледаат годините“, изјави Тони

Роналдо постигна 25 погодоци на 27 натпревари оваа сезона, додека Лукаку има 21 гол на 29 средби во Серија А. Сепак, доколку се гледа целокупното влијание врз играта белгијскиот напаѓач е далеку покорисен за играта на Интер. 

„Нераѕурите“ сигурно чекорат кон враќање на врвот во Италија, што би значело крај на доминацијата на Јувентус по девет последователни титули.