Роналдо е незадоволен, но друг ас го предводи „бунтот“ против Оле во Јунајтед

Ситуацијата во редовите на Манчестер Јунајтед е алармантна, по убедливите порази на „Олд Трафорд“ од најголемите ривали во Премиер лигата, Ливерпул и Манчестер Сити.

Атмосферата во тимот е лоша, а играчите се незадоволни и од катастрофалните резултати и од лошото раководство. Поединци, како што е Дони ван де Бек, се незадоволни од минутажата, додека Кристијано Роналдо е разочаран од начинот на кој тренира при враќањето на „Олд Трафорд“.

Португалската супер-ѕвезда е навикнат на високо ниво на тренинзи, а начинот на кој Солскјер ги подготвува тренинзите не ги задоволува неговите стандарди, поради што се труди максимално да им го пренесе своето искуство лично на соиграчите. 

Сепак, целата ситуација го фрустрира, што често може да се види на теренот во текот на натпреварите, колку е незадоволен од одредени работи. Но, како што пишуваат тамошните медиуми, тој што го „предводи бунтот“ против Норвежанецот е Бруно Фернандеш. Офанзивниот играч смета дека не добива доволно инструкции од менаџерот на тренинзите, а особено во текот на натпреварите, што ги продлабочило лошите односи меѓу нив.

Раководството на Јунајтед досега одолеваше на сите киксеви на Солскјер, но прашање на време е уште колку ќе го толерираат тоа.