ВИДЕО: Роналдо е машина – со ЧЕТИРИ гола ја уништи Литванија

Фудбалската репрезентација на Португалија забележа висока победа во квалификациите за Европското првенство (ЕП) во 2020 година и како гостин во Литванија триумфира со 1-5 (1-1).

Литванците правеа проблем само во првиот дел, но најдобриот фудбалер на гостинот, Кристијано Роналдо, покажа дека е вистинска машина и зошто се смета за еден од најдобрите во историјата на фудбалот.

Ѕвездата на Јувентус на овој меч ги даде сите четири гола за Португалија и го водеше тимот до успех. Роналдо погоди во 7., 62., 65. и 76. минута, за втора победа по ред на фаворитот во групата и приближување кон лидерот Украина. Единствениот друг стрелец за Португалија на овој меч беше Карваљо, во судиското надополнување.

На овој натпревар, Роналдо дојде до својата 40-та „жртва“ на натпреварите, затоа што Литванија беше четириесеттата селекција на која најдобриот португалски фудбалер ѝ дал гол.

Србија, пак, од групата Б лесно славеше кај Луксембург (1-3). Два гола постигна Митровиќ, а еден Радоњиќ, додека единствен стрелец за домашните беше Турпел во 66. минута од мечот, за намалување на 1-2.

Европско првенство, Квалификации, Група B
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 УкраинаУкраина 5 4 1 0 11:1 10 13
2 ПортугалијаПортугалија 4 2 2 0 10:4 6 8
3 СрбијаСрбија 1 5 2 1 2 10:12 -2 7
4 ЛуксембургЛуксембург 1 5 1 1 3 5:8 -3 4
5 ЛитванијаЛитванија 5 0 1 4 4:15 -11 1