Роналдо е голем човек, не го изостави малото дете кое патуваше од Полска само да го види

Роналдо

Португалија вечерва ќе ѝ гостува на Србија во второто коло од квалификациите за Светското првенство.

Кристијано Роналдо очекувано е во центарот на вниманието на српската јавност. Еден од најдобрите фудбалери на денешницата вчера го почувствува теренот на „Рајко Митиќ“, а имаше време да му исполни животна желба на мало дете.

Се работи за Борис кој заедно со својот татко допатува во Белград од Полска, само да го запознае својот идол. Имаше таква можност во хотелот „Хајат“, каде направи фотографија и доби автограм од својот омилен играч.

Заедно со него беше и Тодор, уште еден голем фудбалски фан, кој имаше среќа да биде во контакт со Роналдо.

Српската репрезентација немаше многу време за анализи и вечерва ќе мора да покаже високо ниво на игра за да има шанса против Португалците.