Роналдо доби почесно признание во Португалија!

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо, доби уште едно големо признание, за неговите неспоредливи подвизи со фудбалската репрезентација на Португалија.

На церемонијата одржава во вторникот искудниот напаѓач на Роналдо му беше доделено почесното признание за најдобар стрелец на сите времиња во неговата земја, со 117 гола од 189 натпревари.

Покрај извонредниот голгетерски скор, Роналдо ја предводеше својата нација до најголемиот успех во историјата и трофејот на Европското првенство 2016 година, а оваа есен ќе биде капитен на „европските бразилци“ на Светското првенство во Катар.

„Горд сум што ја освоив наградата за најдобар национален стрелец за земјата што ја сакам! Повторно благодарам на сите мои соиграчи, тренери, моето семејство, пријатели и сите мои фанови кои ми помогнаа да го постигнам ова големо достигнување!

Заедно ќе продолжиме да ги рушиме сите можни рекорди! Благодарам“, вели Роналдо.

Роналдо далеку под очекувањата ја започна новата сезона во дресот на Манчестер Јунајтед и досега запиша само еден погодок, од пенал во Лига Европа.