ВИДЕО: Роналдо даде ХЕТ-ТРИК со Каљари, за историја во Серија А

Екипата на Јувентус со победа ја отвори новата година и на домашен терен убедливо славеше над Каљари (4-0) за враќање на врвот во италијанската елита. Tака екипата на Сари ги отфрли критиките по поразот во Суперкупот на Италија во Ријад пред две недели. И без Бентакур и Кедира, шампионот делуваше моќно и ја искористи дефанзивната таквика на Маран, кој цел натпревар го одигра во систем 4-5-1, со малиот Џовани Симеоне како единствен шпиц против домашната одбрана. 

  • Извештај од натпреварот:

„Бјанконерите“ на Сари експлодираа во второто полувреме и го решија противникот. Каљари е изненадување оваа сезона во Серија А, меѓутоа немаше сила да се носат со шампионот повеќе од 45 минути. Во првиот дел најзрелата шанса ја имаше Демирал кој ја погоди пречкарта со глава, а неснаодливи во завршницата беа Ремзи, Матуиди и Роналдо

Најдобар играч на натпреварот беше ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо, кој даде хет-трик и влезе во историјата на Серија А. Португалскиот ас кој важи за еден од најдобрите во светот го отвори резултатот во 49. минута, а потоа во 67. минута реализираше пенал. Хет-трикот го комплетира во 82. минута по асистенција на Даглас Коста.

Со трите гола против Каљари, Роналдо стана првиот Португалец кој дал хет-трик во најквалитетната италијанска фудбалска лига. Ѕвездата учествуваше и при постигнувањето на четвртиот гол за „бјанконерите“, затоа што асистираше до Игуаин. Во последните минути можност за петти гол имаше резервистот Даглас Коста, домаќините бараа и пенал врз него, но резултатот не се менуваше. Каљари најблиску до гол беше преку Симеоне кој со глава ја погоди пречката и со ударот на Жоао Педро во стативата во надополнувањето од четири минути. 

За Јувентус ова беше 14-та победа во Серија А и тимот на Сари има 45 бода, три повеќе од второпласираниот Интер, кој ќе го затвори колото со дерби против Наполи.

Состави

Maurizio Sarri

4-3-1-2

    Rolando Maran

    4-3-1-2