Роналдо бил бесен и во стилот на Фергусон ги мотивирал соиграчите на полувреме

Роналдо

Аталанта имаше сигурно водство на гости кај Манчестер Јунајтед и по првиот дел се чинеше ќе запише сензација во Лигата на шампионите.

Меѓутоа премиерлигашот се врати со голот на Маркус Рашфорд, потоа израмни преку Хари Мегвајер и на крај го комплетира пресвртот со голот на Кристијано Роналдо.

Португалецот бил бесен на паузата, па нервозно им викал на соиграчите поради играта. Тој ги запрашал „зарем не е срамота да играме вака на домашен терен?“. Добил поддршка од Оле Гунар Солскјер, кој верувал во пресвртот на својата екипа.

Големиот Сер Алекс Фергусон често знаел да има ваков испад, кога не му се допаѓале случувањата на теренот. Медиумите популарно го викаат „фен третман“ од страна на шкотскиот менаџер.

Јунајтед со трите бода се искачи на врвот во групата и сега е блиску до пласман во нокаут фазата.