• Саше Љолес
Португалецот Жоао Феликс го одбележа натпреварот меѓу Ал-Наср и Ал-Фатех во Саудиска Арабија, на кој актуелниот шампион ја започна новата сезона со убедлива победа од 3-0.
Во составот на Ал-Наср го немаше Кристијано Роналдо, кој натпреварот го следеше од свечената ложа. Португалската ѕвезда таму имаше можност да ужива во мајсторијата на својот сонародник.
Во 40. минута, Феликс изведе вистинска фудбалска магија. Португалецот тргна во продор низ одбраната на гостите, па со серија одлични потези успеа да се ослободи од неколку противници и да ја затресе мрежата од скоро мртов агол.
João Félix abriu a época com um golaço individual pic.twitter.com/UEFmened07
— B24 (@B24PT) August 15, 2026
Најпрво му ја протна топката низ нозете на директниот чувар, веднаш потоа го мина и вториот дефанзивец, за на крајот да се ослободи и од третиот противник и со силен удар да го заврши фантастичниот продор.
Потегот предизвика воодушевување на трибините, но и кај Кристијано Роналдо, кој од ложата можеше да ужива во извонредната индивидуална акција на својот сонародник.
