Роналдињо конечно го добива прошталниот меч, еве кога ќе ги собере светските ѕвезди

Роналдињо

Бразилската легенда Роналдињо се повлече од фудбалот на почетокот на јануари 2018 година, но не доби проштален меч.

Еден од најомилените фудбалери меѓу фановите на Барселона, каде Бразилецот ги постигна своите најголеми успеси, конечно ќе биде испратен во пензија со натпревар на „Камп Ноу“.

Шпанските медиуми го пренесоа и датумот. Се работи за 19 август, а на теренот се очекува да излезат голем број легенди, негови бивши соиграчи, противници и многу други великани на фудбалската игра.

Се шпекулира дека честа да одиграат уште еднаш покрај и против Роналдињо ќе имаат Пирло, Анри, Роберто Карлос, Савиола, Малдини, Недвед...

Легендата на бразилскиот фудбал ја започна кариерата во Гремио, а потоа замина во Европа, потпишувајќи за ПСЖ. Од Париз се пресели во Барселона, играше и за Милан, а последните години ги помина во првенството на Бразил.

Роналдињо е човек кој многумина го сметаат за револуционерот на модерната игра на Барселона...