• Горан Упале
Репрезентацијата на Бразил е секогаш фаворит кога е фудбалот во прашање, но дојдоа некои поинакви денови, барем ако го прашате Роналдињо.
Легендарниот бразилски фудбалер истакна дека никогаш не видел послаба репрезентација на Бразил, од оваа што треба да настапи на Копа Америка. Всушност, тој ја шокираше бразилската јавност со изјавата.
„Тоа е тоа, момци. Нема повеќе да ги гледам натпреварите на Бразил на Копа Америка. Нема да ги славам победите. Доволно сум видел. Ова е тажен момент за оние кои го сакаат бразилскиот фудбал. Тешко е да се најде дух да се гледаат натпреварите. Ова е еден од најлошите тимови во последните години. Немаме лидер, само еден куп просечни играчи. Никогаш не сум видел ваква ситуација, навистина е лоша. Недостиг од љубов кон репрезентативниот дрес, недостиг од фудбал исто така. Нашата игра е најлошата што сум ја видел, штета“, рече Роналдињо.
Некогашниот виртуоз со топката ја даде оваа изјава по натпреварот против Соединетите Американски Држави кој заврши со резултат 1-1.