Ромеро му „удри корпа“ на Интер за да се пресели во Шпанија?

Иднината на Аргентинецот Кристијан Ромеро останува неизвесна, откако дефанзивецот ги забавил преговорите со Интер поради интересот од Атлетико Мадрид.

Тотенхем веќе прифатил понуда од околу 40 милиони евра од Интер, но трансферот пропаднал бидејќи Ромеро не постигнал договор за личните услови. Ова сега сака да го искористи Атлетико, кој иако првично нуди помалку пари, се очекува со бонуси да стигне до сумата што ја бара англискиот клуб.

Ромеро одамна посакува преселба во Шпанија, а покрај Атлетико, во минатото интерес за него покажуваше и Барселона. Тренерот Диего Симеоне е голем обожавател на неговиот стил на игра и смета дека би бил идеално засилување за одбраната.

Аргентинецот би требало да ја пополни празнината по заминувањето на Клемен Ленгле и можниот трансфер на Хозе Марија Хименез. За место во тимот би се борел со Марко Пубил и Давид Ханцко.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.