• Сашо Поповски

Екипата на Лацио се врати на второто место во Серија А по денешниот минимален на домашен терен против Монца (1-0) во 14. коло од тековната сезона.
Гостите има за што да жалат на оваа средба одиграна на „Олимпико“. Во првиот дел тие прво постигнаа погодок, меѓутоа поради офсајд судијата спречи радост на Петања.
Домашните имаа повеќе сериозни шанси, а на крај искористија само една. Се играше 69. минута кога Лука Ромеро стигна до одбиена топка и погоди на вистинското место за конечно славје на „лацијалите“ на Маурицио Сари.
- Извештај од натпреварот:
Монца со поразот остана во долниот дел на табелата, но и натаму е на сигурна дистанца во однос на екипите во опасната зона.