Ромарио, Тоти, Златан, Буфон... долга е листата ѕвезди без освоен трофеј во ЛШ

ЛШ

Секој фудбалер сонува да освои многу титули во кариерата, а од сите нив се издвојува онаа во Лигата на шампионите. Секако се работи за клупскиот фудбал, бидејќи ниту еден трофеј не е поголем од светската титула.

Многу легенди останале без ова одличје, кое сигурно остава празнина на нивната фудбалска приказна. Големи ѕвезди не успеале да му се израдуваат на „долгоушкото“, а еве кои се најпознатите од нив:

  • Роналдо Назарио да Лима
  • Џанлуиџи Буфон
  • Златан Ибрахимовиќ
  • Руд ван Нистелрој
  • Франческо Тоти
  • Денис Бергкамп
  • Роберто Баџо
  • Габриел Батистута
  • Павел Недвед
  • Лотар Матеус
  • Ернан Креспо
  • Фабио Канаваро
  • Џорџ Веа
  • Ромарио
  • Михаел Балак
  • Мајкл Овен
  • Патрик Виеира
  • Ерик Кантона
  • Лилијам Турам
  • Сеск Фабрегас

Повеќето од нив се пензионирани и без можност да го остварат овој успех. Останува само Буфон, Ибрахимовиќ и Фабрегас во наредниот период да се обидат да се искачат на врвот на Европа.

Италијанскиот голман ќе има најголеми шанси, бидејќи игра за Јувентус. Златан со Милан има мала веројатност дека во блиска иднина ќе биде конкурентен, а тука се и неговите години. Шпанскиот играч за врска, пак, настапува во Монако, кој треба да приреди чудо за да ја победи големата конкуренција во елитното клупско натпреварување.