• Мартин Танасковски
Екипата на ФЦСБ е следен ривал на Шкендија во Лигата на шампионите, а тимот го одигра лигашкиот меч во рамки на 2. коло од романскиот шампионат и дојде до првата победа.
ФЦСБ имаше тешко гостување кај Петролул Плоешти, а мечот заврши со триумф на екипата од Букурешт со 1-0. Стрелец на победничкиот гол беше Флорин Танасе во 75-тата минута од мечот.
Ова беше подготвителен меч за ФЦСБ за мечот со Шкендија во ЛШ, кој се игра во Скопје во вторник од 20:00 часот на Арената „Тодор Проески“.
ФОТО: FCSB / Facebook


