Романски тинејџер постави рекорд: Дебитираше за репрезентација со 15 години!

Романија не се пласира ниту во баражот за Светското првенство, но постави несекојдневен рекорд.

Младиот играч за врска, Енес Сали, дебитираше во квалификациите на натреварот против Лихтенштајн. Тој влезе во игра во 82. минута и со тоа стана најмладиот фудбалер кој настапил за европска репрезентација на официјален натпревар.

Сали настапи со 15 години и 264 дена. Претходниот рекорд му припаѓаше на Мартин Јодегер, кој дебитираше за Норвешка на 15 години и 300 дена. Норвежанецот својот прв натпревар го одигра во август 2014 година на пријателски натпревар против Обединетите Арапски Емирати.

Сали е роден во Канада, а неговите родители се Турци. Првите фудбалски чекори ги направил во Канада и во академијата на Барселона.

Состави

Мартин Штокласа

5-3-2

    Eduard Iordanescu

    4-3-3