Романо потврди: Погба се врати во Јувентус!

Францускиот репрезентативец Пол Погба (29) од следната сезона ќе игра во Серија А и одново ќе го облече дресот на Јувентус.

Светскиот шампион од Мундијалот во Русија без обештетување пристигнува во Торино, а договорот официјално ќе биде потпишан на почетокот на јули. Погба се враќа во клубот чии бои ги бранеше од 2012 до 2016 година, а за тоа време четири години по ред беше шампион на Италија, освојувајќи два Купа на Италија и два Суперкупа.

Најголем губитник и овој пат е Манчестер Јунајтед. Јувентус го продаде на „црвените ѓаволи“ во летото 2016 година за рекордни 100 милиони евра, а сега, шест години подоцна, го доби – бесплатно.

Погба за Манчестер Јунајтед одигра 226 натпревари и постигна 39 голови. Тој ја освои Лигата на Европа во 2017 година.