Романо индиректно го потврди враќањето на Мурињо во Реал: Бенфика има нов тренер!

Ако може да му се верува на Фабрицио Романо и неговото познато „Here we go“, Бенфика од следната сезона ќе има нов тренер.

Со тоа, практично се потврдува дека Жозе Мурињо дефинитивно заминува во Реал Мадрид. Имено, италијанскиот новинар објави дека Марко Силва постигнал договор со клубот од Лисабон.

Досегашниот менаџер на Фулам ќе потпише договор на 2+1 сезона. На тој начин, на клупата на „орлите“ и понатаму ќе седи домашен тренер. Силва, кој беше поврзуван со уште неколку премиерлигаши, се враќа во татковината по десет години.