Фудбалерите на Клуж дојдоа до четвртата титула од Купот на Романија, откако во финалето играно на националниот стадион во Букурешт го совладаа тимот на Динамо Букурешт по изведување на пенали, со оглед на тоа што регуларниот дел од мечот заврши со резултат од 2-2. Новиот шампион, иако имаше негатива од 2-0, успеа да ја надополни со гол во самиот финиш и на крајот сосема заслужено по пенали да се радува на успехот.