Ждрепките во светот на фудбалот често, оправдано или неоправдано, се мета на критики и често се придружени со репутација дека се наместени, но она што се случи во Романија е навистина тешко да се оправда.
Интересна приказна доаѓа од Романија, каде што изненадувачки освојувач на тамошниот куп е второлигашот Корвинул Хунедоара. Оваа екипа во мечот за трофејот го совлада тимот на Отелул Галати откако подобро изведуваше пенали (3-2), бидејќи мечот по регуларното време беше нерешен 2-2.