Романија со едно изненадување на списокот за квалификациите за СП 2022

Романија

Романија ќе биде еден од противниците на Македонија во квалификациските натпревари за Мундијалот 2022 година овој март.

Селекторот на романската репрезентација Мирел Радои го објави списокот фудбалери со кои ќе атакува на успеси во претстојните натпревари. Најголемо изненадување е присуството на Овидиу Попеску кој ќе има можност да дебитира во националниот дрес.

Список на Романија за натпреварите во март:

  • ГОЛМАНИ: Флорин Ниш, Јонуш Раду,, Давид Лазар;
  • ДЕФАНЗИВЦИ: Василе Могош, Јонуш Неделцеару, Алин Тоша, Влад Чиричеш, Андреј Бурчи , Марио Камора, Овидиу Попеску, Никуор Банку;
  • ИГРАЧИ ОД СРЕДЕН РЕД: Ражван Марин, Александру Крежу, Николае Станциу, Јанис Хаџи, Александру Максим, Ерик Бикфалви, Валентин Михчиа, Денис Ман, Флорин Тонасе, Флоринел Коман, Александру Цицалдиу;
  • НАПАЃАЧИ: Клаудиу Кешеру, Џорџ Пушкач;

Натпреварот меѓу Романија и Македонија ќе се одигра во Плоешти на 25 март со почеток од 20:45 часот.