• Саше Љолес

Фудбалската федерација на Романија по брза постапка доби очекувана казна од Европската фудбалска асоцијација (УЕФА), поради политичките скандирања и прекинот на натпреварот меѓу Романија и Косово.
Домашните навивачи скандираа „Косово е Србија“, а фудбалерите на гостинскиот тим го демонстративно го напуштија теренот, по што следуваше подолг прекин. Мечот сепак се доигра до крајот, но беше јасно дека федерацијата ќе заработи казна од УЕФА. Косово бараше службена победа и казна за домаќинот, но УЕФА се реши само за парична казна во висина од 52.000 евра, како и забрана за присуство на публика на следниот домашен меч на Романија.
Следниот натпревар романската репрезентација ќе го одигра против Андора, а на овој меч ќе можат да присуствуваат само деца од школска и претшколска возраст, кои ќе мораат да бидат под надзор на барем еден возрасен.