• Иван Димовски

Романската фудбалска репрезентатција ќе игра без публика на првиот меч во квалификациите за Светското првенство 2026 година.
Тие поднесоа жалба до УЕФА за казната поради расистички и националистички навреди на натпреварот против Косово во ноември во Букурешт во рамките на Лигата на нации. На тој натпревари Романците извикуваа пароли против Унгарија, а УЕФА тоа го смета за ксенофобични навреди. Исто така извикуваа и просрпски слогани на сметка на противниците од Косово.
Парично Романците се казнети со 128.000 евра, како и играње на еден натпревар без публика.
Инаку, бидејќи косовските фудбалери во судиското продолжение го напуштија теренот натпреварот беше регистриран со службени 3-0 за Романија која подоцна доби санкции од УЕФА.