ВИДЕО: Рома во едно полувреме му даде пет гола на испаднатиот Кротоне

Рома им се врати на победите и тоа на убедлив начин, совладувајќи го испаднатиот Кротоне со 5-0 и ги задржа шансите да игра квалификации за новото натпреварување на УЕФА, Конференциската лига.

  • Извештај од натпреварот:

Во првиот дел мрежите мируваа, а во второто полувреме „волчицата“ додаде гас и го разби противникот со пет гола во мрежата. Кротоне е фенерџија, веќе е во Серија Б заедно со Парма, а дилема е кој тим ќе го заземе последното место за испаѓање.

Инаку, на натпреварот Борха Мајорал и Лоренцо Пелегрини постигнаа по два гола, а на добар начин се врати во форма и Хенрик Михтарјан, кој постигна еден гол и запиша две асистенции во дресот на Рома.

Во следното коло римскиот тим игра со шампионот Интер во Милано, додека Кротоне е домаќин на Верона.