ВИДЕО: Рома стави крај на серијата порази и првпат победи со Раниери

Фудбалерите на Рома стигнаа до првата победа во новиот мандат на Клаудио Раниери на клупата, на свој терен го совладаа Лече со убедливи 4-1 (1-1) во рамките на 15. коло. 

  • Извештај од натпреварот:

Натпреварот на „Олимпико“ понуди многу возбудувања и пет погодоци. Резултатот го отвори Алексис Салемакерс со погодок за 1-0 во 13. минута по асистенција од Ел Шарави. Пред полувремето Лече успеа да се врати резултатски, откако пенал реализира Никола Крстовиќ за 1-1, резултат кој беше активен на полувремето. 

Во вториот дел гостите тргнаа со три измени на полувремето, ама тоа не вроди со плод. Предноста на Рома ја врати стоперот Џанлука Манчини со гол во 59. минута. Младиот Николо Писили се истакна пред римската публика, прво 20-годишникот погоди за 3-1, а потоа асистира и при последниот гол на Мануел Коне. 

Рома стави крај на серијата од четири порази и сега со 16 бода е на 11. место, додека Лече има три помалку и е 16.

Состави

Клаудио Раниери

3-4-2-1

    Марко Џампаоло

    4-2-3-1