Рома со нови сопственици, групацијата Фриедкин го купи клубот од Палота

Како што веќе се шпекулираше, Рома ќе добие промени во сопственичката структура и нови челници. Џејмс Палота најави дека ќе го продаде клубот на групацијата Фриедкин, а веќе е потпишан и договорот. 

„Со задоволство потврдувам дека дојдовме до договор со групацијата Фриедкин за продажбата на Рома. Потпишана е соработката, а трансакцијата ќе биде затворена на крајот од август“, изјави Палота. 

Рома ќе биде продадена за сума од 591 милион евра, па речиси по една деценија Палота ќе отстапи од позицијата прв човек на клубот. 

Фановите на „волчицата“ со новите сопственици се надеваат на подобри времиња и засилувања кои ќе ги доведат во трка за повисоки позиции на табелата. 

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.