• Иван Димовски

Фудбалерите на Рома се радуваа на трите бода во пресметката од 21. коло на Серија А, откако славеа со 2-0 (2-0) против Емполи. Дуелот на „Олимпико“ понуди два рани погодоци на „волчицата“, кои беа пресудни за понатамошниот тек на мечот. По добиената предност, момците на Жозе Мурињо играа мирно, додека гостинот немаше сили за кам-бек.
- Рома - Емполи 2-0:
По првиот корнер на натпреварот кој го изведе Пауло Дибала, највисок во скокот беше Роџер Ибањез. Дефанзивецот со глава го матира гостинскиот голман за 1-0 во втората минута.
Веќе во следната закана, практично во пресликана ситуација како во втората минута се најде Тами Абрахам. Дибала изведе корнер, англискиот напаѓач ја натскока одбраната на петерецот и со глава удвои на 2-0 по само шест минути игра.
До полувремето имаше уште по една шанса на двете страни, Абрахам се закани за Рома, додека Ебуехи за Емполи, меѓутоа резултатски промени немаше. Римјаните мудро се повлекоа во вториот дел, го пуштија ривалот да игра со топка, ама бадијала бидејќи не пронајде пат до мрежата на Руи Патрицио.
- Кремонезе - Лече 0-2:
Претходно во попладневниот термин Лече се радуваше на гостувањето кај Кремонезе (0-2).