• Мартин Танасковски

Екипата на Рома на Жозе Мурињо повторно се спаси во судиско надополнување. Овој пат, случај е продолжение на настапите во Конференциската Лига, откако на „Олимпико“ одигра реми со холандски Витесе (1-1).
- Рома - Витесе 1-1:
Витесе имаше гол предност благодарение на Витек во 62. минута, а евентуална победа со еден гол гарантираше продолженија во Италија. Сепак, се играше 91. минута, кога Тами Абрахам доби топка од Карсдорп и ги постави конечните 1-1.
- Гент - Паок 1-2:
Херојски триумф забележа грчки ПАОК, на гостувањето кај Гент во Белгија (1-2). Креспо во првиот дел донесе предност за гостите од Солун, а домашните преку Депоитре пред паузата изедначија на 1-1. Во вториот дел Агусто ги постави конечните 1-2 и го испрати ПАОК меѓу најдобрите осум во Конференциската лига.
Феенорд очекувано дома го совлада Партизан (3-1) и продолжува понатаму. Десерс, Нелсон и Линсен срелаа за тимот од „Де Кујп“, додека за белграѓани единствен стрелец беше повратникот Гомез.
- ЛАСК - Славија Прага 4-3:
Луда победа забележа ЛАСК над Славија Прага (4-3), ама залудно затоа што испаѓа. Гостите имаа предност се до 85. минута кога Плавшиќ доби црвен, а Грубер и Шмид стрелаа за ЛАСК Линц во 88. и 89. минута за триумф од 4-3. Претходно двоен стрелец за австрискиот тим беше Висигнер, додека за Чесите, Олајинка, Бах и Сор се запишаа во листата на стрелци.