ВИДЕО: Рома се „лизна“ во незгоден момент, одигра без голови против Сасуоло 

Италијанскиот гигант Рома продолжува со играњето „топло-ладно“ во финишот од сезоната на Серија А, затоа што во клучниот натпревар од сезоната се „лизна“ на гостувањето во Реџо Емилија кај Сасуоло, играјќи само 1-1. 

Со ова реми „римската волчица“ на едно коло до крајот од првенството е во најнеповолна ситуација во борбата за четвртата позиција, се разбира доколку ривалите Аталанта и Милан утре успеат да запишат победи во дуелите со Јувентус и Фросиноне. 

  • Извештај од натпреварот: 

Што се однесува до вечерашниот меч, првите 45 минути минаа речиси без ниту едно вистинско возбудување, додека во вториот дел двете екипи заиграа поатрактивно, но ниту тоа не беше доволно за голови. Најзрелите шанси ги имаа фудбалерите на Рома, Ел Шарави, Џеко и Клајверт, додека на спротивната страна единствено се закани Бога. 

Во последното коло Рома ќе се сретне со Парма, додека Сасуоло гостува кај директниот конкурент на римскиот тим, Аталанта.