Рома поради лошото време ќе биде без еден првотимец во Лига Европа

Екипата на Рома во следното коло од Лига Европа игра на гости кај Сервет, а еден од првотимците на Мурињо нема да биде на располагање.

Се работи за Ренато Санчез, кој веќе некое време има проблеми со мускулот на ногата. Играчот е загрижен затоа што најавено е лошо време на теренот во Женева, па нема да ризикува.

За да не се влоши состојбата на играчот на „волчицата“, Санчез нема да игра на оваа средба и ќе се штеди за мечот против Сасуоло кој во рамки на Серија А се игра следниот викенд.

Италијанскиот тим има девет бода, исто колку и Славија Прага, па така со победа кај Сервет ќе обезбеди следна фаза во Лига Европа.