ВИДЕО: Рома по деветнаесет кола поразена во Серија А, Аталанта го завери пласманот во ЛШ

Ѝ дојде крајот на неверојатната серија на Рома во италијанскиот шампионат! „Римската волчица“, предводена од Клаудио Раниери, е поразена по деветнаесет кола во Серија А, откако на гостувањето кај Атланта загуби со минимални 2-1 (1-1). Со оваа победа Атланта го завери пласманот во Лигата на шампионите следната сезона, додека Рома остана со мининални шанси за елитата на УЕФА, но сега ѝ се заканува и местото во Конференциската лига. 

  • Извештај од натпреварот:

Натпреварот во Бергамо започна како што посакуваа домашните фанови, со брз гол на момците на Гасперини. Де Кателаре го проигра Лукман, а нигерискиот напаѓач со својот петнаесетти овосезонски погодок го отвори резултатот и на Аталанта ѝ донесе водство од 1-0. Сепак, гостите од Рим успеаја брзо да се вратат во игра и Кристанте по половина час игра израмни на 1-1, резултат со кој се замина на одмор. 

Во вториот дел Рома притискаше и имаше неколку шанси за целосен пресврт, но Аталанта беше таа која што се радуваше на втор погодок, откако Сулемана стрелаше во 76. минута и ги постави конечните 2-1.

Во следното коло Рома ја чека дерби со Милан, додека Аталанта гостува кај Џенова.