ВИДЕО: Рома одигра во „Мурињо-стил“ и со еден гол славеше над Торино

По двата порази во низа, од Милан и Венеција, фудбалерите на Рома врзаа две победи во Серија А и ги вратија насмевките кај своите фанови. На „Олимпико“ момците на Жозе Мурињо ја оправдаа улогата на фаворит и со минимални 1-0 го совладаа составот на Торино, со што го впишаа осмиот триумф во сезоната во италијанскиот шампионат. 

  • Извештај од натпреварот:

„Волчицата“ со новите три бода одново му избега на „плус четири“ на градскиот ривал Лацио, а е на само три бода заостанок зад Аталанта, која што го „чува“ последното место кое што идната сезона води во Лигата на шампионите. Торино пак, продолжи со чудната серија во Серија А (победа па пораз) и останува на 13. позиција на табелата со 17 бода, освоени со пет победи и две ремија.

Што се однесува до натпреварот во Рим, статистиката во целост им припадна на гостите. Торино беше тимот кој доминираше на терен, испрати повеќе удари кон противничкиот гол, го имаше поседот на топката, но без успех. На спротивната страна, Рома одигра типичен натпревар во „Мурињо-стил“, во кој беше инфериорен, но во фудбалот се бројат головите, а за тоа се потруди англискиот репрезентативец Тами Абрахам со погодокот во 32. минута. 

Во следното коло кое се игра во текот на следната седмица, Рома гостува кај Болоња, додека Торино ќе го пречека тимот на Емполи.

Состави

Жозе Мурињо

3-5-2

    Ivan Juric

    3-4-2-1