ВИДЕО: Рома не се ни истроши и рутински ја совлада Верона

Екипата на Рома ја оправда улогата на фаворит во последниот денешен натпревар од 14. коло на Серија А и како гостин со 1-3 славеше над тимот на Верона

  • Извештај од натпреварот: 

Фудбалерите од Рим како да сакаа уште од раната фаза од натпреварот да го решат прашањето на победникот и го нападнаа противникот, а тоа вроди со плод уште во 17. минута, кога на додавање на Пелегрини, младиот Клајверт го пронајде патот до мрежата на Верона и Рома заслужено заводи со 0-1.Но, радоста на „волчицата“ не траеше долго, затоа што домаќините по само четири минути успеаја да се вратат во игра. На 1-1 израмни Фараони, откако со глава од непосредна близина го совлада Лопез.

По погодокот, домашните фудбалери имаа уште три големи шанси за прво водство, но откако не ја погодија целта пристигна казната и Пероти од пенал ја врати Рома во позитива на полувреме (1-2).

Ако во првиот дел во Верона се играше офанзивен фудбал, во вториот темпото значително спласна. Рома како да не сакаше да преземе поголем ризик и играта му ја препушти на противникот, но Верона не успеа да го искористи тоа и го запиша шестиот пораз оваа сезона.За истиот да биде поубедлив се погрижи Михтарјан со погодок во 92. минута за конечни 1-3.

Во следното коло римјани го играат големото дерби со Интер на гости, додека Верона ќе се сретне со Аталанта во Бергамо. 

Состави

Ivan Juric

3-4-3

    Paulo Fonseca

    4-2-3-1