• Иван Димовски
Рома по поразот викендов од Болоња (3-2) му врачи отказ на тренерот Иван Јуриќ. Хрватот по неполни два месеци си замина од клупата која ја наследи од Даниеле Де Роси.
Заедно со Јуриќ си замина и стручниот штаб, а сега Рома е во незавидна позиција бидејќи не може да најде тренер. Се споменуваше Един Терзиќ, ама тој ги демантираше најавите. Во игра се неколку имиња: Маурицио Сари, Роберто Манчини, Ерик Тен Хаг, Грем Потер, Франк Лампард, Руди Гарсија се само дел од споменатите.
Сепак, челниците на Рома се соочуваат со проблем бидејќи нема кој да го поведе првиот тим ниту на тренинг. Одложени се сите клупски активности до четврток, а веројатно и тогаш тренинзите ќе ги држи некој од тренерите во младинските категории.