Рома не го дава своето „дете“

Лоренцо Пелегрини официјално стави потпис на нов договор со Рома, со кој останува на „Олимпико“ до 2027 година, потврди денеска римскиот клуб.

Пелегрини е еден од фудбалерите кои речиси целата кариера ја минаа во Рома. Италијанскиот играч за врска е продукт на клупската академија, а досега има забележано повеќе од 300 настапи во дресот на „волчицата“.

„Како фудбалер кој ги помина сите младински категории во академијата на Рома, Пелегрини ќе продолжи да ги брани нашите бои. Одлуката на Лоренцо со задоволство да ја прифати понудата на клубот покажува дека целосно верува во визијата, проектот и вредностите на Рома“, соопшти клубот.

Во минатата сезона Пелегрини настапи на 33 натпревари, на кои постигна седум голови и запиша четири асистенции.

Рома новата сезона во Серија А ќе ја започне на 24 август, кога на домашен терен ќе ја пречека Фиорентина.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.