ВИДЕО: Рома на Мурињо опстана во ЛЕ, Арсенал и Фенер на Алиоски директно во осминафинале

Со осумте вечерни натпревар се комплетираше групната фаза во Лигата на Европа. Вечерта мина без големи изненадувања, бидејќи фаворитите одиграа според планот. 

Еден од најитересните дуели се одигра на „Олимпико“ во Рим, а таму Рома со пресврт го совлада Лудогорец со 3-1 (0-1). Избраниците на Жозе Мурињо тргнаа добро, доминираа и правеа шанси, ама пред паузата примија гол преку Рик за 0-1. На сцена во продолжението стапи Николо Заниоло кој влезе од клупата. Талентираниот фудбалер изнуди два пенали кои ги реализираше Лоренцо Пелегрини за пресврт, а потоа во 85. минута Заниоло се прошета низ гостинската одбрана и ја „чекира“ победата. Вреди да се спомене и поништениот гол на Нонато при резултат 2-1 поради минимален прекршок.

  • Рома - Лудогорец 3-1:

Во оваа група сигурен беше Бетис со победа од 3-0 над ХЈК, со што го задржа првото место, а „волчицата“ ќе оди во плеј-офот со учесниците од Лигата на шампионите.

Тимот на македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски, Фенербахче со триумф од 0-2 кај Динамо Киев „чекира“ директно место во осминафиналето. Со головите во 23. и 47. минута од првиот дел на Гулер и Арао, гостинот дојде до двојна предност. Алиоски беше резервист, доби околу 15 минути во финишот и се радуваше со соиграчите на посакуваниот триумф. Рен не дочека кикс, а одигра 1-1 со АЕК Ларнака и ќе оди во плеј-офот, додека Кипарците патуваат во Конференциската лига. 

  • Динамо Киев - Фенербахче 0-2:

Врвот во групата А го завери екипата на Арсенал со минимален триумф над последнопласираниот Цирих од 1-0 (1-0). Со погодокот на Киеран Тирни во 17. минута, екипата од „Емирати“ дојде до предност, за потоа рутински да го затвори натпреварот без премногу да троши сила. Втората позиција ја потврди ПСВ со победата над Бодо Глимт од 2-1. 

  • Арсенал - Цирих 1-0:

На терените во групата Д, Брага остана без шанса за опстанок во натпреварувањето иако славеше со 2-1 против Малме за кој стартер беше Ердал Ракип. Унион Берлин славеше кај Сен Жилоа со 0-1 и го потврди второто место. 

Состави

Жозе Мурињо

4-4-2

    Анте Шимунџа

    4-3-3