• Горан Упале
Пред три месеци Даниеле де Роси потпиша нов договор со Рома, кој го врза за овој клуб до 2027 година. Но, по слабиот старт на сезоната, донесена е одлука тој повеќе да не биде тренер на гигантот од Рим. Ова информација ја потврди и клубот:
„Рома ја информира јавноста дека Даниеле де Роси е разрешен од сите должности како тренер на нашиот клуб. Одлуката на клубот е донесена во интерес на тимот, сè со цел да се продолжи по посакуваниот пат.
Голема благодарност до нашиот Даниеле, кој секогаш ќе биде дома во нашиот клуб. За повеќе информации јавноста ќе биде известена во наредниот период“, се вели во соопштението.
Очигледно е дека на челниците на Рома не им се допадна тоа што нивниот клуб освои само три бода во првите четири натпревари од сезоната. Сепак, малкумина можеа да очекуваат дека Де Роси ќе биде сменет така лесно и брзо, бидејќи тој е вистинска легенда на овој клуб.